Џафери: Средбата кај Иванов беше да се размисли што понатаму
Разговорите меѓу претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Никола Груевски ќе продолжат во ист состав, а синоќешната средба била во функција на тоа да се размисли што ќе биде од сега натаму, во контекст на евроинтеграциските процеси.
Ова денеска на неформална средба со новинарите го кажа претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека се уште никој од присутните не изнел предлог за излез од оваа ситуација. Разговорите траеле помалку од три часа, а следната средба, како што кажа, можеби ќе ја свика тој, а можеби повторно претседателот Иванов.
Џафери на 4 декември заминува во САД на безбедносна конференција и таму ќе биде до 10 декември.
Ќе се обиде да го реши застојот во работата на Комисијата за финансирање и буџет за расправата за буџетот за 2018 година, која треба да заврши во рок од десет дена. Расправата почна на 27 овој месец, а беше прекината по апсењата на 36-те лица, меѓу кои и пратеници, за насилствата на 27 април и секој ден се одложува од страна на претседателката Лилјана Кузмановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
- Доколку навистина претседателката на Комисијата ја одложила седницата на Комисијата на неопределено време ќе комуницирам со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ако не се изнајде решение ќе предложам лице кое ќе ја продолжи седницата за буџетот, најави Џафери. Тоа може да се случи уште денеска.
Не одговори дали има договор кога би можела да се одржи седницата за избор на членови на Влада, но посочи дека ако продолжи комисиската седница за буџетот тогаш не може да се одржуваат пленарни седници.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани