-->
-->
Џафери: Следните чекори за законот за јазиците согласно Уставот и Деловникот
-->
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери не прецизираше кои ќе бидат неговите наредни чекори во врска со донесувањето на законот за употреба на јазиците, кој е во трето читање во Парламентот, туку само посочи дека се ќе биде во согласност со Уставот и собранискиот Деловник.
- Во врска со ова прашање, претседателот на Собранието нема планови А, Б, Ц, Д… Претседателот на Собранието пред себе има Устав и Деловник за работа на Собранието. И тоа значи дека таму е регулирано се. Претседателот на Собранието не мисли за никакви договори, туку спроведува Деловник и Устав, а договорите се работа на политичките партиите, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Тетово.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи смета дека нема никаква причина и проблем, законот откако еднаш веќе бил изгласан, да се изгласа со уште поширок консензус.
Вели дека нема криза во коалицијата, а во однос на соработката и меѓупартиските состаноци, потенцира дека ДУИ останува секогаш подготвена да учествува на сите состаноци каде што треба да даде придонес за надминување на сите евентуални разлики.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска по средбата со претседателот на БЕСА Африм Гаши, запрашан дали е можен консензус околу амандманите до следната недела изјави дека не прифаќа ултиматуми и оти од нивна страна е веќе понудено решение, односно аманманите ќе се повлечат само ако се повлече и законот и ако се пристапи кон подготвување нов.
Законот е пред пратениците на трето читање, откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не го потпиша указот. ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35 илјади амандмани и смета дека за нив треба да има расправа во Парламентот.
Џафери завчера закажа пленарна седница, на која беше овој закон, но беше одложена. Тој даде рок од една недела партиите да постигнат договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад