Џафери: Опозицијата да се врати во Парламентот, не и требаат избори на Македонија
- Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува и убеден е дека опозицијата ќе се вклучи во работата на парламентарните тела и заседанија од 9-ти јануари следната година, за кога ќе биде закажана продолжение на седницата за законот за јазици и избор на уставни судии. Џафери на денешната средба со новинарите кажа дека во 2018 година на Македонија не и требаат нови избори.
Според Џафери, политичката криза во Македонија заврши пред шест месеци.
- Очекувањата се дека треба да се надминат сите превирања внатре во политичките партии и првите работни денови во новата година, од 9-ти јануари па натаму, Собранието да биде во полн состав, со учество на опозицијата и сите политички партии, имајќи ги предвид и нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни. И особено за реформските закони, во контекст на очекувањата од Извештајот на ЕК и напредокот на Република Македонија, изјави првиот парламентарец.
Џафери очекува 2018 година да биде со редовен тек на работа.
- Тоа и го посакувам и го очекувам од политичките партии, рече Џафери.
Изготвена е драфт верзија на Деловникот за работа на Собранието што заедно со Етичкиот кодекс треба да се разгледуваат во рамки на процесот „Жан Моне“, средба на претставници на пратеничките групи која, според Џафери се очекува да се случи во околината на Париз на 25 и 26 јануари.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава