Џафери: Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери
Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во дускусија со новинарите, а во врска со иницијативата за закон за пратенички привилегии.
Џафери за време на брифингот со претставниците на медиумите не негираше дека постои иницијативата, но посочи дека не може да коментира додека не го види текстот на законот.
„Идеја како идеја може да постои, може да ја даде кој било пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт-верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, изјави Џафери по завршувањето на брифингот.
Тој додаде дека во голем број земји во светот со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.
„И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон“, рече тој.
Во врска со претстојните претседателски избори, Џафери истакна дека нема да се кандидира и ќе остане претседател во Собранието. Што се однесува до идејата Собранието да бира шеф на државата, Џафери рече дека за тоа треба да се одлучни сите парламентарни групи, а доколку има консензус ќе треба да се изгласа измена на Уставот со која законски би се уредил неговиот избор.
Изминатата година, според него, поминала според зацртаната агенда, а Собранието си ја завршило работата за којашто е надлежно.
Извор: Макфакс
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ