Македонија
4. September 2022 - 16:43

Џафери ќе го стави на дневен ред референдумот ако има 150.000 потпис - Уставните измени се за доброто на државата

Уставните измени за внесување на Бугарите мора да се спроведат за доброто на државата, а не да се користат за партиски интереси. Спикерот Џафери во интервју за Радио Слободна Европа не дава конретен одговор дали оваа точка ќе влезе во собраниска процедура и без обезбедено двотретинско мнозинство со оглед на цврстиот став на опозицајата за ова прашање. Вели дека очекува разум од сите политички партии.   

Потребата за уставни измени не е заради потребата на мнозинството или не знам на кого, туку потреба на државата за да може да си го преземе и да го изоди патот, кој впрочем е определен пред три децении да се изоди со сите предизвици што ги има државата на тој пат. И во тој контекст сметам дека сите треба да рефлектираат по однос на интерес на државата и на граѓаните, а на по интерес на политичките партии и во смисла на дневна политика, борба за гола власт да се менува власта, туку во секој случај која и власт да дојде ќе мора да го изоди тој пат. И во тој контекст сметам дека како избрани и одговорни луѓе би требало да резонираат сите во контекст на потребата и интересот на државата и на граѓаните за да може да се отвори тој пат, вели Џафери.

Ако ВМРО-ДПМНЕ ги собере неопходните 150 000 потписи за распишување референдум, спикерот Џафери вели дека ќе ги почитува деловничките процедури и ќе го стави референдумот пред пратениците.

Има Деловник, има деловничка процедура, така што и јас како Претседател на Собранието и пратениците и кој било не може да ја одбегне процедурата затоа што е предусловена, освен ако не се однесувам, онака како што се однесуваат претседателите на комисиите по односни точки, на пример кои не ги свикуваат седниците. Но во секој случај јас ќе ги исполнувам сите обврски кои произлегуваат од Деловникот за работа на Собранието, вели Џафери.

Џафери е дециден дека блокадата на опозицијата не влијае врз работата и функционалноста на Собранието.

По ваквите ставови, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е единствената можна акција за делегитимирање на беззаконието на Џафери

Во однос на уставните измени за кои Џафери збори, тоа не се обврски на државата кон ЕУ, туку обврски на кои криминалната клика на СДС - ДУИ пристанаа за да си ги зачуваат фотелјите, а на целосна штета на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура преку целосно национално обезличување и прифаќање на бугарските мегаломански барања.

Попрво криминалната влада ќе падне, од тоа да има било какви уставни измени, се вели во нивното писмено соопштени