Македонија
29. July 2020 - 16:38

Џафери ја закажа конститутивната седница на Парламент за вторник, се надева дека тој ќе ја води

На последниот ден од уставниот рок спикерот Џафери ја закажа конститутивната седница. Новиот 10 ти по ред пратенички состав ќе се формира во втроник точно на пладне.

Џафери во телефонски разговор за Сител потврди дека тој ќе претседава со првата собраниска седница бидејќи до следната недела очекува да се подобри неговата здравствена состојба и да ја напушти Инфективната клиника.

Од Собраниската прес служба информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи за заштита, седницата ќе се одржи во Големата сала каде има место за 600 лица, а на пратениците, поканетите гости и медиумските работници на влезот од Собранието ќе им се мери телесна темрература.

Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на физичка дистанца помеѓу пратениците Конститутивната седница ќе се одржи во Геламата сала на Собранието позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно со картончиња, во текот на денот ќе бидат дезинфицирани сите простории каде се предвидени активности, се вели во соопштението.

На седницата се поканети претседателот Пендаровски и премиерот Спасовски и министрите, лидерите на политичките партии застапени во Собранието, поранешните претседатели на државата, претседателите на Уставниот и Врховниот суд,  на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, пртседателите на МАНУ и Државната изборна комисија, претставници на верските заедници и дипломатскиот кор во Македонија. Сите тие седницата ќе ја следат од пленарната сала каде исто така ќе биде обезбедена дистанца.

Со конституирањето на собранието почнува да тече и рокот за состав на новата Владата. 10 дена по седницата односно до 15 август, шефот на државата Пендаорвски ќе треба да го додели мандатот за составување на новиот владин кабинет. Мандатарот во рок од 20 дена до пратениците ќе треба да го достави предлогот кој треба да добие поддршка од најмалку 61 народен избраник.

Според изборните резултати, Коалицијата предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса и Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник.