Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје -Тетово, кај селото Ласкарци.
– Длабоко сум трогнат и вознемирен од оваа трогателна вест и во овој горчлив миг за нашата земја, за нашите граѓани, дозволете да ја споделам болката со блиските семејства, пријателите, сограѓаните на жртвите, на повредените и сите оние што беа учесници во оваа човечка трагедија. Изразувам верба и желба ваквите тажни мигови за нашата земја, никогаш да не се повторат. Нашите молитви се со повредените, со желба да заздрават што побрзо и да се вратат во своите домови, покрај своите блиски, наведува Џафери.
Упати благодарност до сите граѓани и целиот медицински капацитет за покажаната хуманост на дело.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа