Македонија
27. јуни 2022 - 16:31

Џафери го одби барањето пратениците да расправаат по францускиот предлог

Додека во туѓи парламенти и агенди Македонија измиантиве 10 дена е топ тема, во македонскиот парламент се уште се молчи за францускиот предлог и разговорите со Софија, обвинува македонската опозиција. 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара на денешната пленарна седница да се отвори прашањето за разговорите со Софија и преговарачката рамка со ЕУ.

Собранискиот спикер Џафери, пак, предлогот на Мицевски не го стави на изјаснување.

Од власта пак, се воздржаа од коментари на темата во македонското Собрание. Од партиското седиште порачаа дека разговорите со Софија владата ги води на принципиелна основа.

Од друга страна, по повеќе од еден месец Џафери најпосле закажа седница за негова интерпелација која ја побара ВМРО-ДПМНЕ поради снимките за наводно недолично однесување на спикерот кон вработени и заклучувањето на вратата од салата на пратениците од опозицијата.