Македонија
12. October 2021 - 16:36

Џафери без одговор на барањето за итна седница за разрешување на Филипче и Хасани

Една недела молк од собранискиот спикер Талат Џафери за тоа дали ќе ја прекине паузата на парламентот за да свика итна седница за разрешување на министерот Филипче и заменикот Хасани, како што побараа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинетот на Џафери велат дека барањето е примено, но дека се уште нема одговор од првиот парламентарец за тоа дали е потребна седница на која ќе се дискутира за политичка одговорност за пожарот во тетовската болница во која изгореа 14 лица. 

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери ја злоупотребува функцијата. 

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев  пак, вели дека извештаите на обвинителството се уште се само првични за да се разговара за случајот.

Ова не е прв обид на опозицијата да се отвори седница за разрешување на Филипче по повод несреќата. Од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на изборниот процес јавно побараа ваква седница, но тогаш Џафери го одби предлогот со објаснување дека парламентот може да разреши министер само на предлог на премиерот или по пат на интерпелација, а не и како одлука на пленумот.