-->
-->
Двојна титула за Ѓорческа на фјучрс во Анталија
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа победи на фјучрсот во Анталија и во поеднинечна конкуренција откако денеска во финалето ја победи Русинката Александра Поспелова со 2:1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:0). Финалето траеше 1 час и 46 минути. Ова за Ѓорческа е вкупно петта титула во сингл во кариерата, а трета во 2015 година (претходно победи во Тарсус и Врњачка Бања). Претходно победи 2014 во Варна и 2012 во Арад.
Во првиот сет Русинката Поспелова ги доби првите два сета за водство од 2:0 во гемови, а потоа Ѓорческа освои пет гема во серија и сетот го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет обратна слика на теренот. Нашата тенисерка по водство на ривалката од 1:0, имаше водство од 4:1 во гемови, но и дозволи на Поспелова да изедначи во мечот откако сетот го доби со 6:4 во гемови.
Во решавачкиот сет Ѓорческа доминираше и го доби сетот со 6:0 во гемови и притоа ги искористи трите брејк топки и скорот во поени само во третиот сет беше 26:9. Во текот на мечот билансот на поени беше 87:70 за Ѓорческа или 7/8 искористени брејк топки за нашата тенисерка, а Поспелова имаше 4/10.
Вчера Ѓорческа заедно со Ива Приморац од Хрватска го освои овој турнир и во конкуренција на двојки. За секој триумф таа ќе добие по 12 поени.
Ѓорческа оваа година го играше своето шесто финале во сингл и откако ги загуби првите три (Шарм Ел Шеик и Бол (две)), во следните три победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци