Двојка од Бугарија отидоа пеш до Индија, а на пат ја земаа и мачката
Една млада двојка одлучи да тргне на пат отиде на пат и тоа на старински начин. Телефоните ги оставиле дома и тргнале од Бугарија каде што живеат, дури до Индија, и тоа пеш.
Борис Канев (25) и Марта Мартинес Самалеа (31) по потекло од Шпанија, тргнаа на пат кој траел 511 дена. Тие не сакаа да користат авион и секаде одеа пеш, поминаа низ Турција, Курдистан и Иран, Кина и Бурма, се до Индија.
- Тоа што навистина го сакавме е да одиме на авантура со велосипед или возејќи се со комбе. Но, ние едноставно сакаме да пешачиме и тоа беше одличен начин да запознаеме нови луѓе и да слушнеме нови приказни, раскажа Марта.
Тие од Софија заминаа еден дождлив октомври попладне и тргнаа за Турција каде поминале цела зима. На пролет продолжија за Блискиот Исток и потоа за Кина, да на крајот стигнат во Индија.
Оваа двојка 22 месеци поминала на пат, а освен мапа со себе носеле и едно маче кое го најдоа на пат. Нивниот пат го документирале на Фејсбук, каде на нивната страница може да се видат неверојатни фотографии од патувањата.
Тие се уште се во Индија и се надеваат дека ќе се вратат дома до Божик. Во моментот пишуваат книга за своите патувања и се надеваат дека ќе успеат во нивниот потфат.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред