Дводневна акција за собирање кабаст отпад во Општина Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата денес ќе се одвива во урбаните заедници Хром, Дексион и во дел од Урбаната заедница „Мирче Ацев“, во период од 7 до 9.30 часот. Акцијата утре (16 септември) ќе се спроведе на дел од урбаните заедници „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“.
- Граѓаните кои имаат кабаст отпад може да го остават пред своите куќи или згради. Потребно е местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ да може непречено да го соберат отпадот, соопшти Општина Ѓорче Петров.
Во кабаст отпад спаѓаат мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи...), но не и градежен шут.
Ново на Сител
-
Ќе се кратат нереализирани проекти, ќе се додаваат приоритетни кои ќе се градат со британски пари
-
Наместо 10, прагот за репрезентативност на синдикатите ќе се намалува на 5 проценти
-
Ќе има забрана на пушење на јавни места – здравствените власти во подготовка на законско решение
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи