-->
-->
Двегодишно дете зависно од цигари: Пуши по 40 на ден, а му ги купува неговата мајка- еве ги деталите
-->
Две и полгодишниот Рапи Ананда Памунгкас од Индонезија е зависен од никотин, а цигарите му ги купува неговата мајка.
Проблемите се јавиле кога детето почнало да собира отпушоци од пред уличната тезга на неговата мајка. За неколку дена тоа создало зависност, па станало и агресивно, што особено се гледа кога не може да најде од своите омилени „Мароко” цигари.
Токму поради овие напади на бес, мајка му мора да му купува по две кутии цигари секој ден.
– Ако му не дадам цигара, тој полудува. Без нив не може да заспие. Плаче и беснее, се жали таа.
Според локалните медиуми, малиот пушач и неговите родители се уште не посетиле лекар за да се консултираат како детето да се одвикне од никотинот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?