Две злата за Македонија на јуниорското Светско првенство во кикбокс
Македонската КикБокс МаиТаи федерација предводена од претседателот на Дејан Митровски Урко од светското јуниорско ВАКО првенство во Унгарија кое се одржа од 24 - 31 август се вракаат со две злата и едно сребро.
Злато освоија:
Марија Димовска во - 60 помлад јуниор Лоу Кик освои златен медал ги победи во полуфиналето Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина и во финале ја победи Мија Лијамицев од Израел.
Силвио Мировски постар јуниор - 71 Лоу Кик во квалификации го победи со прекин Мехмет Таха од Турција, во полуфинсле го победи Атанас Димов од Бугарија со прекин истотска во прва рунда, и во финалето го победи Бородати Иван од Украина.
Сребро освои:
Лука Змејкоски +81 помлад јуниор Лоу Кик во полуфиналето го победи Лендел Владислав од Украина, во финалето се бореше со Дуплјак Мухамед од Србија кој ја изгуби борбата иако во сите три рунди беше во водство кондицијата и искуството си го направи своето.
Максим Митровски постар јуниор -71 К1 во неговата категорија беше најбројна со натпреварувачи во квалификациите ја загуби борбата против Назибула Ирисматов од Казахстан и остана без медал.
Сите натпреварувачи покажаа одлична борба и техника се работи за јуниори млади натпреварувачи за кој спортската кариера допрво доаѓа.
Судијката наша Елена Костадиновска која во последно време поради што одлично и професионално суди на изминатите меѓународни првенства каде е често повикувана од судискиот одбор на ВАКО да зима учество и суди доби покана да суди на ова светско првенство каде одлицно се покажа и се стекна со лиценца за меѓународен А класа судија.
Македонската кик бокс маи таи федерација последните 4 години е најуспешна, најмасовна и најтрофејна федерација а кик боксот национален спорт број еден.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели