Спорт плус
6. May 2020 - 19:52

Две трки од светската серија закажани за август

Големо затишје во македонскиот спорт поради пандемијата но тоа е можност да се најават настани кои ќе бидат одржани во летните месеци. ПФМ  денеска најави две финални трки од светското пливање во втората половина на месец август.  
Според прифатениот календар Охрид и Охридското езеро ќе бидат домаќини на два големи пливачки маратони. 
Првиот е ултра-маратон и ќе се одржи на 22-ри август на патеката од 25 километри.  На 30-ти август на програмата ќе биде 10-километарската трка од светската серија.
Сепак поради пандемијата одложен е еден настан а тоа е ЛЕН трката на 10 километри според мерките на европската и светската пливачка федерација. 
Во Охрид се очекува пристигнување на светската пливачка елита а трките ќе се бодуваат за светската серија на ФИНА изјави првиот човек на федерацијата Александар Маленко. 
Минатата година на охрискиот пливачки маратон победија Аксел Рејмонд од Белгија и Аличе Франко од  Италија додека на 10 километри најдобри беа Кирил Амбросимов од Русија и Марсела Чуна од Бразил.