Македонија
25. May 2020 - 16:47

Две струмичанки тврдат дека биле измамени од веќе познатата прилепчанка

Уште две лица останале без своите пари, откако прилепчанката на која и дале заем, ветила дека ќе им ги врати, но наместо тоа фатила магла. Овој пат настанот се случил во Струмица. Од двете жени, успеала да извлече по 1000 евра. Валентина  Јанчевска e една од измамените, која за  бегството на прилепчанка ја известил нејзин пријател.

Кај втората струмичанка, извесен период, седела под кирија. Потоа си заминала, без да ги подмири долговите.

Од МВР велат дека во изминатиов период нема пристигнато пријава против лицето, а согласно законот, измамениот скопјанец која е една од жртвите, го осветуваат правда да бара на суд.

-Во врска во Вашето барање, Ве известуваме дека во СВР Скопје нема податоци за поднесени кривични пријави за наведеното лице. 

Единствено, на 12.05.2020 Б.П.(56) од Скопје пријавил дека неговата вонбрачна другарка Л.В. од Прилеп, со која живеел заедно повеќе од шест месеци, од домот земала 200.000 денари и заминала. Лицето било упатено спорот околу должничко доверителски односи да  го решат по судски пат.

Пријава нема стасано ниту во обвинителство.

Досега до нашата редакција се обратија  вкупно, петмина,  кои се пожалија и сведочеа дека биле жртви на измама на жената од Прилеп. Од сите нив, заедно, успеала да извлече околу 32 000 евра.