Две штипски училишта добија грантови од Фондот за иновации
Две штипски училишта добија грантови по 5.000 евра од Фондот за иновации. Едниот грант го доби средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, а вториот – Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“.
Тимот од средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ доби средства за едукативна фотоволтаична табла. Менторот на тимот и професор Стојан Хаџи-Николов вели дека на неа учениците на практичната настава ќе можат да ги поврзуваат елементите за производство на електична енергија.
Професорот по практична настава Тони Максимовски појасни дека оваа табла ќе им помогне на учениците од насоката електро во практичната настава.
-Учениците за време на практичната настава ќе креираат реални фотонапонски кола, со што ќе се обучат за идни монтажери, за фотонапонски ситеми за домаќинствата, рече Максимовски.
Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“ Дејан Павлов изјави дека наградите што ги освоија нивните ученици е поттик да се повикаат завршените ученици во основните училишта од регионот да се запишат во нивното училиште.
Штипското основно училиште „Ванчо Прќе“ доби грант од 5.000 евра за рециклирање на автомобилски и останати гуми со цел рециклираните гуми да бидат поставени како под на создадат модерно детско игралиште.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата