Македонија
13. January 2022 - 11:22

Две недели откако го постави, Арсовска го разреши директорот на „Градски паркинг“

Десет дена откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го назначи Филип Пасху за директор на јавното претпријатие „Градски паркинг“, го разреши од функцијата.

На негово место е поставен  Бојан Христовски, како нов в.д. директор.

Христовски до сега бил вработен во Министерството за внатрешни работи.

Од кабинетот на Арсовска велат дека Пасху бил само времено решение и дека ќе добие нова позиција во Град Скопје.

„Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови“, гласи објаснувањето од Град Скопје.

Пасху е поранешен неизвршен директор на АД „Енергетика“ Скопје, бил заменик-директор на „Градски паркинг“, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие.