Македонија
27. February 2016 - 16:23

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Струмица

Две лица загинаа, а две се повредени во страотна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица Радовиш. Во несреќата која се случи утрово помеѓу селата Владевци и Радичево во судир на товарно возило Мерцедес и патничко возило Венто  животот го загубија 72 годишната Павлина Г. од валандовското село Раброво сопатник во камионот и 25 годишниот Александар А. од штипското село Карбинци кој бил сопатник во патничкото возило. И двајцата сопатници  починале на лице место.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 46 годишниот Т.Г. кој управувал со патничкото возлио,  а најлесно со лесни телесни повреди поминал возачот на камионот 33 годишниотМ.М .

Како дошло до несреќата засега не е познато. Според неофицијалните информации најверојатно се работи за директен судир, но која била причината што го предизвикала ќе се знае по завршувањето на истрагата. Поради несреќата сообраќајот на магистралниот пат Струмица Радовиш претпладнето неколку часа беше во прекин.