Две лица загинаа во силна бура во Калифорнија
Во силна бура која ги зафати јужниот и централниот дел на Калифорнија, проследена со ветрови, поројни дождови и големи снежни врнежи, животот го загубија две лица.
Во округот Шерман оукс во околината на Лос Анџелес силниот ветер откорна дрво, кое паднало врз електричен столб. Жиците погодиле еден автомобил, со кој патувал 55-годишен маж и кој починал по струен удар.
Во градот Викторвил поплава ги зафатила неколку возила, кои останале блокирани во водата. Еден од возачите загинал, а друг бил спасен со хеликоптер од покривот на неговиот автомобил.
Во некои реони како мерка на претпазливост биле евакуирани луѓе поради опасност од поплави и лизгање на земјиште. Голем број авионски летови беа откажани или доцнеа на аеродромите во земјата. Само на аеродромот во Лос Анџелес откажани беа над 300 летови. Десетици летови се откажани и на аеродромот во Сан Франциско.
Лизгање на земјиштето и поплави предизвикаа делумно затворање на тихоокеанскиот крајбрежен автопат.
Во реонот на Лос Анџелес 100.000 луѓе останаа без електрична енергија, а силните ветрови во Санта Барбара корнеа дрвја.
Ново на Сител
-
Продолжуваат судењата против Мерко
-
Пред Судскиот совет свечени изјави ќе дадат новоизбраните претседатели на основни и апелациони судови од неколку градови
-
На комисиска расправа измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот
-
Трамп: Кина сака договор, но не знае како
-
Бројот на жртви при уривање на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго и натаму расте – најмалку 184 загинати
-
Студенти во блокада од Нови Сад ги објавија критериумите за формирање експертска влада
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени