Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија денеска властите.
Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво пред падот пријавил дека авионот се запалил непосредно пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, јавуваат американските медиуми.
Шефот на регионалната канцеларија на Националниот одбор за транспорт на Алјаска, Клинт Џонсон, рече дека пилотот остварил радио контакт веднаш по полетувањето.
-Тие се обидуваа да се вратат на меѓународниот аеродром Фербенкс кога изгубија контакт, рече тој.
Авионот полетал од Фербенкс пред да се урне на околу 11 километри јужно во реката Танана, удрил во стрмен рид и се лизнал од насипот до бреговите на реката Танана, каде што целосно изгорел.
Авионот превезувал 3. 200 галони (12. 100 литри) мазут до Кобук, село Инупија со помалку од 200 луѓе, сместено на околу 480 километри северозападно од Фербенкс.
ФАА го идентификуваше авионот како Даглас ДЦ-54 (Douglas DC-54), воен авион користен за време на Втората светска војна.
Ново на Сител
-
Магла во Делчево и Струмица
-
Облачно со локален дожд, температури до14 степени
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината