Две лица ранети со нож во воз во Австрија
Вооружен маж денеска со нож рани двајца патници во воз во западната австриска провинција Форарлберг, во близина на станицата „Зулц“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полициски извори.
Напаѓачот е задржан во полиција. Се работи за 60-годишен етнички Германец, се наведува во соопштението.
Жртвите се двајца тинејџери, од 17 и 19 години, кои заради сериозните повреди се задржани во болница. Едниот од нив е ранет во стомакот и грбот, а другиот кај грлото.
Германецот за когошто се претпоставува дека има психичко разстројство, бил совладан од страна на други патници.
Провинцијата Форарлберг се наоѓа на крајниот запад на Австрија и граничи со Швајцарија.
Австриската полиција исклучува каква и да било поврзаност помеѓу денешниот напад и оној во швајцарскиот воз во саботата. Тогаш маж вооружен со нож и запалива течност, се нафрли на сопатниците, при што уби една жена и рани шестмина. Напаѓачот потоа почина во болница.
Ново на Сител
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп