Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, возилата беа пренасочувани
Тетовската полиција информира дека поради сообраќајка имало пренасочување на возилата кои попладнево се движеа по автопатот Тетово-Гостивар. Во судир на две возила повредени се две лица.
-Околу 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Гостивар, на потегот од клучката Камењане до наплатната станица Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила „опел-астра“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот гостиварец Ф.Е. и „Мерцедес“ со скопски ознаки што го управувала 38-годишната М.С од Скопје.Во несреќата, две лица-сопатници од „Астрата“ се здобиле со повреди и веднаш се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР-Тетово.
На местото увид извршила екипа од СВР Тетово, а поради судирот сообраќајот на овој потег бил во прекин до 16 часот и 15 минути и се пренасочуваше по други околни патишта.
Ново на Сител
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора