Македонија
5. November 2023 - 20:47

Две лица од село Студеничани приведени заради ловење во ловиштето Бунарџик без дозвола од концесионерот

Во Полициската станица Гази Баба вчера се приведени Б.С.(33) и Ф.Б.(56), двајцата од село Студеничани, постапувајќи по пријава од З.Ц.(55), претседател на ловно друштво според која околу 15:00 часот во ловиштето Бунарџик, во атарот на село Трубарево, кое е под концесија на ловното друштво, се вршел лов, иако немале издадено дозвола за лов на наведеното место за тој ден. 

-Според пријавеното, на местото на настанот биле затекнати двете лица со патничко возило џип со скопски регистарски ознаки, со ловни пушки кои ги поседувале со дозвола и улов во возилото, соопшти МВР. 

Оружјето е привремено одземено, а за случајот е запознаен инспектор за шумарство и ловство и против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за ловство.