Две крводарителски акции спроведени во Кичево
Вкупно 93 единици крв се собрани во две крводарителски акции што изминатите два дена се спроведени од страна на Општинската организација на Црвениот крст од Кичево во полициската станица и во касарната „Чеде Филипоски-Даме“.
Од Општинската органзиација на Црвениот крст оценуваат дека доколку продолжи овој тренд на крводарување, тогаш може да очекува надминување на минатогодинашната бројка.
- Според досегашните анализи и искуства, сметаме дека ако продолжи овој тренд на крводарување, тогаш може да очекуваме за 10 проценти да ја надминеме минатогодишната бројка. Од претходните години знаеме дека во четвртиот квартал од годината, бројот на крводарувања е секогаш во пораст, изјави Ивана Лазеска, претставник на Општоинската органзиација на Црвениот крст од Кичево.
Ново на Сител
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет