Две Гран-при награди за кочанските ученици на фестивал во Србија
Вкупно осум награди од кои две Гран-при освои тимот ученици од ОУ „Никола Карев“ на 9. „Марковденски средби за деца и поети“ што се одржа во Бачка Топола во Република Србија.
Во категоријата пеење учествуваа учениците Ана Горгиевска и Јована Благонова и го освоија првото место во придружба на гитара од страна на Ана Јорданова. Пофалница добија и Михаела Манева и Тамара Охомуш. Во пишување песни и творби Сандра Наумова го освои третото место, Јована Благонова второто место за проза и Ана Апостолова, исто така второ место за проза.
Ученичката Сандра Наумова освои Гран-при награда за најдобра женска улога во дрмата со која се претставија, како и уште една Гран-при за подготвената презентација за Тијана Јуриќ.
- Освоив Гран-при награда за конкурсот кој што беше распишан од страна на фондацијата „Тијана Јуриќ“. Имавме задача да напишеме порака со која ќе се обратиме за починатото девојче, а со таа порака да го воодушевиме нејзиниот татко. Мојата презентација многу му се допадна на таткото на девојчето, рече Сандра Наумова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.
Во категоријата танци учениците се претставија со орото „Пајдушко“ и го освоија 3-тото место. Учениците цело време работеа под менторство на наставничката по македонски јазик и литеартура Гордана Јефтимова. Овие успеси за учениците претставуваат поттик за уште поголем труд во иднина и освојување на награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.
Ново на Сител
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери