-->
-->
Две години затвор за Ди Марија
-->
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија е осуден на 12-месечна затворска казна, откако признал дека затајувал данок во периодот од 2010 до 2014 година додека го носеше дресот на „кралскиот клуб“.
Шпанските даночни власти го обвинија Аргентинецот дека затаил данок во износ од 1,3 милиони евра и дека тоа се однесува на 2012 и 2013 година.
Пред судот тој ја признал вината, поради што е осуден на 12 месеци затвор, а покрај тоа ќе мора да плати два милиони евра.
Инаку, Ди Марија нема да оди в затвор, бидејќи тоа му го овозможува шпанскиот закон. Според шпанскиот закон, доколку казната е помала од две години и доколку лицето не е осудувано, тогаш не мора да оди на издржување на казната.
Слично мина и сонародникот на Ди Марија, Лионел Меси кој пред неполни два месеци беше осуден на казна затвор во траење од 21 месец.
Покрај Ди Марија, обвинителството поради затајување на данок пред судот поднесе обвиненија против Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите