-->
-->
Две финалиња и гарантирани три медали за македонските кик боксери на ЕП во Шпанија
-->
На Европското првенство во кик бокс за јуниори и кадети што се одржува во Сан Себастијан, македонските претставници досега постигнаа забележителни резултати. Обезбедени се две учества во финале и еден бронзен медал.
Марија Божиноска и Бобан Илиоски ќе се борат за златото, додека бронза освои Хадис Рамадани.
Тој во категоријата -67кг. лоу кик во борбата за финале беше поразен од актуелниот светски првак Данило Ракиќ од Србија.
Марија Божиноска во +70кг. кик лајт во полуфиналето извојува победа над Марта Липка (Полска). Денеска Македонката во настапот за златен
медал ке се сретне со италијанската репрезентативка Марта Филипи.
Вториот наш финалист, Бобан Илиоски во дисциплината - 71кг. лоу кик со доминација во сите три рунди во полуфиналето извојува победа над Дамиан Пискорз (Полска).
Илиоски во борбата за златен медал ке се сретне со Русинот Теимур Азизов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“