Дванаесетгодишнина од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Денеска се одбележуваат дванаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.
На одбележувањето на хеликоптерската несреќа на спомен обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положат повеќе делегации од Генералштабот, од Министерството за одбрана, од Општина Петровец, Командата за операции, од воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе го одбележат настанот со полагање цвеќе на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Армиски хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 12 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото.
Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.
Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.
Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228