Дванаесет сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа
На подрачјето на Град Скопје изминатите 24 часа се случиле 12 сообраќајни незгоди. Во една од нив загинале две лица, а во една незгода пешак се здобил со тешки телесни повреди.
Во шест сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот. Седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а прекршоци направиле и 22 пешаци. Санкционирани се и пет возачи на велосипеди со мотор мопеди и мотоцикли кои за време на возењето не носеле заштитен шлем на главата.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 67 возила.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската градинка „13 Ноември “ објект „Парк“ и матичниот објект кои се наоѓаат во општина Центар.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче