Свет
2. August 2016 - 11:16

Дванаесет лица убиени во руски воздушен напад во северна Сирија

Дванаесет лица се убиени во руски воздушен напад во северна Сирија, неколку часа откако Москва објави дека еден од нејзините хеликоптери бил соборен во регионот и оти сите пет лица во него загинале, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, јави ДПА.

Меѓу 12-те убиени лица покрај военовоздухопловната база покрај Абу Духур во провинцијата Идлиб имало две деца, додаде невладината организација, со седиште во Лондон.

Извори на локалните бунтовници изјавија дека руски авиони извршиле 33 напади во регионот по соборувањето на хеликоптерот. 

Началникот на Главната оперативна команда на Генералштабот на руските вооружени сили Сергеј Рудсјкиј претходно изјави дека руски воено-транспортен хеликоптер Ми-8 бил соборен над регион контролиран од терористичката групација Џебат ал Нусра.