Дванаесет дена протести во Софија, демонстрантите упорно бараат оставки од Владата на Борисов
Илјадници Бугари и денеска, 12 ден по ред, се собраа на антивладини протести, што се оддржуваат пред Националното собрание во Софија, а на кои се бара оставка од бугарската Влада.
Толпата извикуваше „Оставка“. На споменикот на Царот Ослободител беше кренат транспарент на кој пишуваше „Бојко, оди си“.
Меѓу транспарентите што се носеа можеа да се прочитаат и зборовите на поранешниот премиер Андреј Љапчев: „Со кроткост, со благо и со малку ќотек“.
Антивладини протести има и во други бугарски градови.
Стотици граѓани на Стара Загора уште еден ден се собраа на антивладини протести, а за првпат меѓу демонстрантите беше крената и кукла на премиерот Бојко Борисов. Со неа се предводеше процесијата, која стигна и до канцеларијата на партијата ГЕРБ во градот, каде куклата беше запалена. Барањата на демонстрантите се оставка на целата влада и на главниот обвинител Иван Гешев.
Ново на Сител
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии