Македонија
7. јуни 2023 - 16:32

Двајцата членови во оставка утре ќе образложуваат пред другите членови на Судскиот совет

Двајцата членови на Судски кои поднесоа оставки, утре пред своите колеги ќе образложат зошто го напуштаат советот. Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски, на седница ќе ги кажат причините што ги натерало повеќе да не се дел од најмноќното судско тело.. Нивните оставки следат по еден месец откако почнаа превирањата и бројните критики за работата на советот. Тие го осудија разрешувањето на Весна Дамева, а гласаа и против изборот на Сашко Георгиев. На прашањето што било клучно да го напушти советот, Герасимовски за Сител вели дека се напишал во својата оставка и тоа ќе го презентира на седница.

Од Министерството за правда велат дека не знаат од кои причини двајцата членови си поднеле оставка. Им порачаа на судиите, сами да си ги решат проблемите.

Но проблем во Судски има и администрацијата. Незадоволни се од платата, а си го бараат и додатокот чија исплата прекинала откако отсто пораснаа платите на функционерите. Денеска за време на паузата, 30мината вработени излегоа на протест.

Освен за оставките на Стефкова и Герасимовски, утре судски ќе бира и нов заменик претседател.