Свет
31. July 2020 - 19:49

Двајца загинати и 35 повредени во железничка несреќа во Португалија

Во судир помеѓу брз воз и машина за одржување железнички пруги во Португалија, загинаа две лица и повредени се најмалку 35, изјави шефот на националната служба за спасување. Седуммина од повредените се во критична состојба.

Портпаролот на службата  изјави дека два хеликоптера и 163 спасувачи, вклучително и пожарникари, се на местото на инцидентот.

Во најбрзиот португалски воз „Алфа пендулар“ имало 240 патници.