Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата. Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.
-Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.
Локалните медиуми јавија за најмалку три места на злосторство. Нема информации за потенцијалниот мотив, но инцидентот првично не беше класифициран како терористички. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.
Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.
Цивили и помогнале на полицијата да го уапси осомничениот, пишува весникот.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада