Балкан
29. August 2016 - 12:53

Двајца турски војници се убиени при судир со курдите во југоисточна Турција

Двајца турски војници се убиени денеска при вооружен судир со курдските бунтовници во округот Хакари, југоисточна Турција, соопшти турската телевизија НТВ. 

Судирот на силите за безбедност со борците од Курдската работничка партија (ПКК) се случил во шума покрај градот Шемдинли. 

Во реонот се испратени воени хеликоптери. 

ПКК е оквалификувана како терористичка организација од страна на САД, ЕУ и Турција,

Групата врши вооружени напади врз турската држава од 1984 година.