Двајца скопјани само ги изгребале ретровизорите, едниот добил закани по живот со пиштол
Вчера попладне во 14.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.Х. (25) од Скопје пријавил дека непознато лице му се заканувало со огнено оружје. Истиот ден околу околу 11.30 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки заедно со семејството, на ул. „Јабланица“ се судриле со патничко возило „Лада Нива“ со скопски регистарски ознаки.
Притоа, кај двете возила имало само гребнатини на ретровизорите. Возачот на возилото „Лада Нива“ започнал вербална расправија со Б.Х. при што му се заканувал.
После тоа, Б.Х. излегол од возилото и го повикал другиот возач да не се расправаат, а во еден момент му упатил закана по животот и заминал.
После 15 минути, на крстосницата во Пинтија, возилото „Лада Нива“ му го попречило патото на Б.Х., а од возилото излегло непознатото лице и со пиштол му се заканило по животот, по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект