Македонија
15. јуни 2023 - 16:52

Двајца скопјани натепале малолетник откако претходно им го оштетил нивното „бмв“ и ги нападнал со нож

На 14.06.2023 во Полициската станица Чаир бил извршен службен разговор со Е.З.(29) и С.З.(55), двајцата од Скопје, затоа што околу 19.45 часот на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје учествувале во физичка пресметка со малолетник од Скопје.

Според пријавеното, претходно, малолетникот го оштетил возилото „бмв“ на Е.З. и му нанел повреди со остар предмет.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.