Двајца сириски војници убиени во гранатирања на турските сили на североистокот од Сирија
Најмалку двајца војници на сириската армија се убиени кога во текот на ноќта една турска граната паднала на сириска позиција на северостокот од Сирија, јавија воени набљудувачи, пренесе ДПА.
Сирискиот центар за човекови права (SOHR) со седиште во Велика Британија соопшти дека војниците биле убиени кога турските трупи и нивните сојузници гранатирале област источно од Аин Иса, каде претходно дојде до судири меѓу турските сили и Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите.
Очевидци за ДПА наведуваат во гранатирањето има и голем број повредени сириски војници.
Центарот, исто така, соопшти дека во досегашните судири има деветмина загинати борци на СДФ, како и 21 бунтовник, кои се поддржани од Турци.
Сириските владини сили во понеделникот се распоредија во курдските упоришта во североисточна Сирија, согласно договорот меѓу Курдите и Дамаск за спречување на турскиот упад, почнат на 9 октомври.
Турција го почна долго најуваниот упад во северна Сирија, насочувајќи се на сириските курдски милиции, за кои Анкара вели дека се поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК) .
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави повлекување на американските војници од курдските области во близина на турската граница, што беше потег што се протолкува како зелено светло за инвазијата на Турција.
СДФ беа главниот американски партнер во борбата против Исламска држава, но се најдоа напуштени од Вашингтон.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган инсистира на тоа дека со офанзивата само ја обезбедува границата на неговата земја, каде во тампон зоната сака да пресели еден до два милиона сириски бегалци.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово