Македонија
2. April 2020 - 16:15

Двајца полициски службеници завршија во болница по сообраќајна незгода

Вчера во 12.45 часот на регионалниот пат Маврови анови – Дебар, полициски службеник, управувајќи патничко возило „ландровер“, сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. По незгодата двајцата полициски службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде на едниот му се констатирани тешки  телесни повреди, а на другиот телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Гостивар.