Двајца починати и 46 новозаболени од корона вирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани - 1
Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Организацијата на потрошувачи ќе поднесе тужба наместо граѓаните кои платија поскапи полиси
-
Преглед на вестите од светот
-
Палевски на распит
-
Преговорите за влада се при крај, новиот кабинет ќе има 20 министерства
-
Мицкоски: Не сме Талибанци - ќе го почитуваме Преспанскиот договор
-
До 500 евра казна за Џафери и Демири ако не се откажат од двојните функции
-
Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ