Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска.
Двајцата пилоти се извлечени живи од водата, а еден се здобил со полесни повреди во инцидентот.
Инцидентот се случил додека американската војска извршила воздушни напади врз јеменските бунтовници Хути.
Централната команда на американската армија не прецизираше која била мисијата на пилотите во тоа време.
-Крстосувачот со наведувана ракета Гетисбург, кој е дел од борбената група за удари што го придружува носачот на авиони Хари Труман, по грешка испука и го погоди F/A-18 при полетувањето од носачот“, се вели во соопштението на Централната команда.
На 15 декември, беше откриено дека Хари Труман влегол на Блискиот Исток, но не прецизираше дека носачот на авиони и неговата борбена група се наоѓаат во Црвеното Море.
Останува нејасно како Гетисбург го помешал F/A-18 за непријателски авион или проектил, особено затоа што бродовите во борбената група остануваат поврзани и со радар и со радио комуникација.
Сепак, Централната команда соопшти дека воени бродови и авиони претходно собориле голем број беспилотни летала на Хутите и противбродска крстосувачка ракета истрелана од бунтовниците.
Синоќа и рано утринава, американски воени авиони извршија воздушни напади кои ја потресоа Сана, главниот град на Јемен, кој Хутите го контролираат од 2014 година.
Централната команда ги опиша нападите како цели на „објект за складирање проектили“ и „команден и контролен објект“, без да наведе детали.
Медиумите под контрола на Хутите објавија дека има напади и во Сана и околу пристанишниот град Ходеида, без да дадат информации за жртви или материјална штета.
Во Сана, ударите се чини дека се особено насочени кон планината каде што се наоѓаат воените инсталации.
Ново на Сител
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев