Двајца Палестинци убиени, 40 ранети во израелски напад во градот Наблус на Западниот Брег
Во денешниот напад на израелската војска во Наблус на окупираниот Западен Брег на реката Јордан се убиени двајца Палестинци, меѓу кои и командант на военото крило Фатах на бригадата на мачениците од Ал Акса.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во нападот се повредени најмалку 40 Палестинци.
Во рација на израелската полиција во станбена населба во стариот дел на Наблус дошло до размена на оган, при што бил убиен Ибрахим ал-Набулси од бригадата на маченицита од Ал Акса и уште еден палестински борец. За време на рацијата имало интензивни оружени престрелки, а израелските сили со веони возила го блокирале сообраќајот во градот. Судири имало и во други делови на Наблус, каде Палестинците фрлаа камења по војниците.
Стариот град Наблус на северниот дел на Западниот Брег е палестинска територија која е под окупација на израелската армија од војната во 1967 година.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава