Македонија
27. August 2023 - 18:38

Двајца крадци фатени на дело од сопственикот во Пржино | ВИДЕО

Вчера, на сред бел ден, двајца крадци се обиделе да влезат во куќа на улицата „Благоја Горан“ во Пржино.

Камерата од видео надзорот снимила две машки лица кои околу 12:45 часот вчера, најпрво проверуваат дали некој има во куќата, а потоа се обидуваат да влезат во неа. Но, во намерата биле спречени од сопственикот, кој бил дома.

Од снимката јасно се гледа дека едниот носи црна фантомка, а другиот има капа и заштитна маска на лицето.