Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
На 15.02.2025 во 03.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.Т.(31) и К.М.(33), двајцата од Кавадарци, затоа што во угостителски објект во Кавадарци физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени задачи.Ј.Т. и К.М. се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 15.02.2025 во 05.10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и З.П.(36) од Кавадарци, затоа што кога вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на лицето Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед, кога стигнале во болницата, З.П. ги спречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија.
Исто така и З.П. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно