Двајца Британци и Мароканец се под закана од смртна казна во Доњецк поради војување за Украина
Двајца Британци и еден Мароканец, заробени додека војувале на украинска страна, може да добијат смртна казна, откако признаа вина во судот на самопрогласената Народна Република Доњецк, во источна Украина, јавија руски медиуми.
Британецот Шон Пинер и Мароканецот Брахим Саадун признаа вина за дејствување поради насилно преземање власт.
Другиот Британец, Ајден Аслин се изјасни за виновен за полесно кривично дело во врска со оружје и со експлозиви.
Како што пренесуваат медиуми, според обвинителите нивните обвиненија споени може да значат смртна казна за сите тројца.
Судењето се одвива во една од двете сепаратистички парадржави во источниот дел на Украина, поддржани од Москва.
Три дена пред инвазијата на Украина на 24 февруари, Русија ги призна како независни држави, нешто што Украина и Западот го осудија и го оценија како незаконски.
Руска телевизија објави снимка каде се гледа како Британците молат да бидат разменети за сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, заробен од страна на украинските власти.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно