Дваесетте основни прехранбени производи во Бугарија поскапеле 45 отсто за една година
– Дваесетте основни прехранбени производи во Бугарија, за секојдневна употреба и од кои голем дел се присутни на божиќната трпеза, за една година поскапеле за близу 50 отсто, покажуваат податоците на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).
Меѓу тие производи се ориз, леб, брашно, мелено месо, свинско и пилешко месо.
Виолета Иванова, заменик-директор на Институтот за социјални и синдикални истражувања при КНСБ, изјави за бугарски медиуми дека во декември продолжиле да растат цените на главните 20 стоки и услуги во државата, „што доведува до поскапување на животниот стандард“.
Податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија таа потрошувачка кошничка од 20 стоки може да се купи 7 пати, додека во Германија – 31.
„За тие 20 стоки лани во септември требаше да се плати 65 лева, а сега 95 лева, односно зголемувањето е за 45 отсто“, прецизираше Иванова, пренесоа бугарскикте медиуми.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани