Дваесет кинески градови се обединуваат во борбата против смогот
Кинеското Министерство за животна средина им нареди на 20 градови да ги усогласат напорите во борба против смогот.
Градовите се наоѓаат во зоната на три „воздушни коридори“ - западен, централен и источен, по кои поради геолошки и метеоролошки услови загадените воздушни маси се движат кон север, пишува весникот „Чајна дејли“.
Ограничувањето на емисијата на штетни гасови во градовите како Анјан и Таншан ќе го намалат тешкиот смог во соседните региони и ќе му помогнат на Пекинг да ја постигне амбициозната цел за оваа година - да ја намали концентрацијата на фините честички ПМ-2,5, кои продираат во белите дробови до 60 микрограма на кубен метар од 73 во 2016 година.
Според Светската здравствена организација (СЗО) безбедната дневна норма на честички ПМ-2,5 во воздухот не смее да биде поголема од 25 микрограма на кубен метар.
Трета година по ред Кина води војна со загадувањето, а главни причини за тоа се автомобилитге и електроцентралите на јаглен.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?