Живот
12. April 2016 - 9:38

Дваесет интересни факти за серијата „Озборувачка“

Култната тинејџерска серија „Озборувачка“, што се емитуваше од 2007 до 2012 година, придоби неверојатен број фанови во целиот свет, но се оболожуваме дека и најстраствените од нив не ги знаат сите овие факти:

1 „Озборувачка“ првично била замислена како филм, а не серија, но продуцентите подоцна се предомислиле.

2. Во филмот Блер требало да ја игра Линдзи Лохан.

3. Ед Вествик дошол на аудицја за улогата на Нејт, но продуцентите мислеле дека повеќе личи на „сериски убиец, отколку на романтичен јунак“, па му ја дале улогата на Чак.

4. Во книгите според кои е снимена серијата голем број ликови изгледаат многу поинаку. Џени е ниска, има големи гради и црвена коса, а Ванеса има избричена глава и секогаш носи црно.

5. Постои службен ден „Озборувачка“ во Њујорк, кој се „слави“ на 26 јануари.

6. Еден ден снимање на серијата во Њујорк чинело меѓу 10.000 и 60.000 доалри.

7. Пен Беџли (Ден) и Блејк Ливели (Серена), кои во серијата играат брачна двојка, се познавале од мали нозе и заедно вежбале дома.

8. Актерите Метју Ситл и Кели Ратерфорд, кои го играат таткото  Руфус и мајката Лили, во реалниот живот биле во врска пред снимањето на серијата.

9. Блејк Ливели имала проба на невестинскиот фустан шѕо го носеше во серијата за свадбата со Ден, само еден ден по пробата на фустанот за нејзината свадба со Рајан Рејнолдс во вистинскиот живот. 

10. Изгедот на Блер Валдорф е инспириран од стајлингот на легендарната Одри Хепберн.

11. Изгледот на Серена е инспириран од Кејти Мос.

12. Пен Беџли два пати ја одбил улогата на Ден, пред конечно да се согласи.

13. Дизајнерот Ерик Даман. кој работеше на костимите, ја доби наградата Еми за костимите во серијата „Сексот и Градот“.

14. Хотелот на Чак „Империја“ навистина постои. Всушност, послужува коктели „ХОХО“ со тајни состојки, кои не сакаат да ги откријат. 

15. Џени Хемфри требало да добие своја серијата, со што би заминала од „Озборувачк“ заминувајќи на школување далеку од дома, но за жал, Тејлор Мамсин одлучи да се посвети на музичката кариера, па тие планови пропаднале.

16. Продуцентите на самиот почеток наговестуваа дека Ден е всушност „Озборувачката“. Во првите пет минути од епизодата можеме да го видиме Ден како пишува на телефонот додека го слушаме гласот „озборувачката“.

17. Сепак, Пен Беџли тврди дека не знаел оти тој е „Озборувачката“ се до снимањето на сцената во која тајно се открива.

18. За улогата на Блер, Лејтон Мистер морала да ја обои нејизната природна руса коса во црна.

19. Во реалноста не може да се седи на скалите на МЕТ, каде ученичките од серијата редовно седат.

20. Улогата на Џорџина Спаркс и била понудена на Миша Бартон, но таа ја одбила.