-->
-->
Дваесет илјади луѓе ги пречекаа европските шампиони
-->
Кошаркарите на Словенија, новите европски шампиони, слетаа во својата земја по освоеното злато во истанбул и победата во драматичното финале во кое ја совладаа Србија 93:85.
Европските шампиони малку пред 20:30 часот пристигнаа на централниот плоштад во Љубљана, каде ги поздравија 20.000 навивачи. Кошаркарите беа дочекани со песната:„Але, Але Словенија е шампион на Европа“.
Градските власти на Љубљана за прославата обезбедија 3.000 литри пиво.
Претходно на аеродромот во центарот на вниманието беа тинејџ ѕвездата Лука Дончиќ и НБА играчот Горан Драгиќ.
„Неверојатно е да се освои златниот медал со само 18 години“, рекол Дончиќ.
„Им благодарам на сите кои беа во Истанбул. 7.000 гледачи тоа не може да се опише со зборови. Феноменално!“.
Најдобриот играч на 40.Европско првенство потоа проговорил и за најавата дека се повлекува од репрезентацијата.
„Татко ми и брат ми ме притискаат, да ја продолжам репрезентативната кариера. Жена ми исто така пристиска. Но, најпрвин мора да ја оладам главата“, рекол кошаркарот на Маками Хит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико